Важат правила и услови за промотивни кредити за онлајн рекламирање:

  • Можеби ги исполнувате условите за промотивен кредит ако (a) сте нов огласувач на Google Ads и првото прикажување на вашата реклама било од вашата прва сметка на Google Ads пред не повеќе од 14 дена пред да го внесете промотивниот код; или (б) сте постоен клиент на Google Ads и сте овозможиле нова функција или производ во Google Ads или повторно сте активирале неактивна сметка, како што е наведено во ваучерот од Google. Важечките барања за исполнување на условите се наведени во понудата што ќе ја добиете од Google.
  • На огласувачите им се наплаќа за секое рекламирање кое го надминува промотивниот кредит. Огласувачите може да ги суспендираат своите реклами во секое време пред износот на промотивниот кредит да се потроши ако не сакаат да им се наплати дополнително за рекламирањето. Огласувачите нема да добијат известување кога промотивниот кредит ќе се потроши.
  • Штом успешно го извршите потребното трошење и/или дејства, ако се исполнети сите услови, кредитот вообичаено ќе се додаде на „Прегледот на наплатата“ од вашата сметка на Google Ads во рок од 35 дена.
  • Кредитот истекува 60 дена по додавањето на вашата сметка, освен ако не е поинаку наведено во дополнителните правила и услови за релевантната промоција. Може да го проверите салдото на промотивниот кредит и важечките датуми на истекување со прегледување на картичката „Промоции“ на страницата „Наплата“ од вашата сметка на Google Ads во секое време.
  • Понудата подлежи на одобрување на рекламата, важечка регистрација и прифаќање на стандардните правила и услови на програмата на Google Ads.
  • Промотивниот кредит е непренослив и не може да се продаде или размени.
  • Google Ireland Limited може да ја повлече понудата во секое време од каква било причина.
  • Огласувачите се одговорни за плаќање на даноците или другите настанати надоместоци и не смеат да го користат промотивниот кредит за такви цели. Плаќањето на даноците или другите надоместоци од огласувачите нема да се зема предвид при добивањето на каков било промотивен кредит.
  • Еден промотивен кредит по клиент.
  • Пред да се додаде промотивниот кредит, можеби ќе треба да потрошите минимален износ за рекламирање и да ви биде успешно наплатено.
  • Користењето на понудата може да е ограничено на опции за наплата со автоматско плаќање.
  • Ако создадете своја сметка на Google Ads со валута различна од таа во која сте го добиле промотивниот кредит, актуелниот износ на барањето за трошење, како и промотивниот кредит може да зависат од флуктуациите на девизниот курс.
  • Понудата важи само за клиенти со адреса за наплата во Република Северна Македонија.
  • Понудата ќе истече 3 месеци по првото издавање на аудиовизуелните содржини што го содржат вашиот ваучер или на датумот на истекување на ваучерот (ако го има).
  • Ако го употребите ваучеров и/или промотивниот кредит, значи дека сте се согласиле со овие правила и услови. Понудата не важи онаму каде што е забранета со закон.
  • Се извинуваме што моравте да го прочитате овој текст со правен жаргон.